Германска компанија ќе гради погон за автомобилски делови

Bez autora
Feb 11 2013

Германска фирма од автомобилската индустрија, која склопува пластични делови и електроника, во преговори е со Владата на Република Македонија да изгради погон во Велес. Како што информира министерот за странски инвестиции Веле Самак доколку биде реализирана оваа инвестиција, вредна 35 милиони евра, во која ќе се произведуваат автомобилски пластични делови, но и електроника, во Велес и регионот ќе се отворат од 500 до 1.000 работни места. Министерот Самак не го кажа името на компанијата, бидејќи се уште официјално не е склучен договорот, такви се правилата, но сепак нагласи дека компанијата ќе вложи доста во реализација на оваа инвестиција. За оваа инвестиција клучни се наредниве два месеци. Германската компанија планира да инвестира 35 милиони евра, а доколку успеат преговорите, ќе се почне изградбата на погонот.

Германска компанија ќе гради погон за автомобилски деловиГерманска фирма од автомобилската индустрија, која склопува пластични делови и електроника, во преговори е со Владата на Република Македонија да изгради погон во Велес.

Како што информира министерот за странски инвестиции Веле Самак доколку биде реализирана оваа инвестиција, вредна 35 милиони евра, во која ќе се произведуваат автомобилски пластични делови, но и електроника, во Велес и регионот ќе се отворат од 500 до 1.000 работни места.

Министерот Самак не го кажа името на компанијата, бидејќи се уште официјално не е склучен договорот, такви се правилата, но сепак нагласи дека компанијата ќе вложи доста во реализација на оваа инвестиција.

- За оваа инвестиција клучни се наредниве два месеци. Германската компанија планира да инвестира 35 милиони евра, а доколку успеат преговорите, ќе се почне изградбата на погонот - вели Самак и појаснува дека со локалната самоуправа, во изминативе шест, интензивно се работат за избор на локации за да се понудат подобри услови.

Според министерот најголема конкуренција на Велес во моментов е град од Србија.

- Знаеме дека она што се бара инвеститорот може да го најде во Велес. Останува на нас да обезбедиме подобра локација и подобри услови и на некои начин да ја победиме Србија - посочи Самак.

Министерството е задоволен од поддршката на локалната самоуправа на Велес, бидејќи Општината и Советот се заинтересирани и веруваат дека ќе направат се оваа инвестиција да биде реализирана.

Местоположбата, железницата, автопатот и решената инфраструктура се приоритет со кои располага Велес. Токму поради тоа велешани веруваат дека германскиот инвеститор погонот наместо во Србија ќе го изгради во Велес.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik